Кина подготвена за најголемата мисија досега: Детално ќе ја испитува вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина е подготвена да ја започне својата најважна вселенска мисија досега, а целта е да донесе материјал од Месечината на Земјата.

Loading...

Тоа ќе биде првпат по децении материјал од Месечината да биде испратен на нашата планета.

Ракетата „Чангжен 5“ беше поставена на лансирната рампа во вселенската база Венчанг, а нејзиното планирано лансирање на Месечината е закажано за почетокот на следната недела.

Ракетата ќе носи лунарен модул со дупчилка, што ќе направи дупка длабока околу два метри откако ќе слета на површината на природниот сателит на Земјата.

 

 

Така, тие ќе соберат камења и други материјали, кои потоа ќе бидат испратени назад на Земјата.

Loading...

Кинеските научници ќе имаат можност за прв пат да ги проучат ново собраните материјали од Месечината, откако Американците и Русите тоа го сторија во текот на 1960-тите и 1970-тите.

Оваа мисија е една од најамбициозните досега за НР Кина, чија вселенска програма продолжува да ја забрзува конкуренцијата.

Голем успех на Кинезите е секако фактот дека во 2003 година тие станаа само трета земја во светот што испрати човек во вселената, по Русија и САД.

Тие исто така забрзано работат на соработка со други земји во вселенските мисии, иако американскиот закон сепак ги спречува да соработуваат со агенцијата НАСА. Ова значи, во суштина, дека тие не можат да склучат партнерство со други земји на Меѓународната вселенска станица.

 

Leave a Reply