Кинеската амбасада во Украина денеска соопшти дека организира летови за евакуација на кинеските граѓани, наведувајќи дека условите во Украина „наеднаш се влошиле“.
Амбасадата не објави детали за летовите за евакуација, но ги повика граѓаните на Кина да се спакуваат и да бидат подготвени брзо да реагираат кога ќе биде објавен распоредот на летовите.
Истовремено, украинскиот амбасадор во Јапонија ја повика Кина да се приклучи на меѓународните напори за да се запре руската инвазија на неговата земја.
„Верувам дека Кина може да игра многу поактивна улога во соработката со Путин на начинот на кој очекуваме од цивилизираните земји“, рече тој.
Корсунски, исто така, побара поддршка од Соединетите Држави и нивните сојузници за да обезбедат опрема за борба против нападите со руски крстосувачки ракети. Тој рече дека Украина сака да влезе во НАТО и побара поддршка од алијансата за решавање на конфликтот.

