КИНА: Нема да воведуваме санкции кон Русија поради Украина!

Сподели со своите пријатели

Кина нема да се приклучи на финансиските санкции што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија, соопшти денеска кинеската банкарска регулаторна комисија.

Loading...

Претседателот на кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, Гуо Шукинг изјави дека официјален Пекинг се противи на воведувањето санкции.

– Нема да се приклучиме на таквите санкции и ќе одржиме нормална економска, трговска и финансиска размена со сите релевантни страни, рече Гуо на прес-конференцијата, пренесува АП.

Тој додаде дека Кина не ги одобрува финансиските санкции, особено оние наметнати еднострано, „бидејќи тие немаат правна основа и нема да имаат добри ефекти“.