Кина: Не можеме да го потврдиме учеството на Си на самитот на Г20

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи сѐ уште не може да го потврди учеството на претседателот Си Џинпинг на самитот на Г-20 на Бали, соопшти денеска портпаролот на тоа тело Жао Лиџијан.

Loading...

Сè уште немам никакви информации да ви дадам, ве молиме следете ги вестите, изјави Жао Лиџијан на новинарите на прашањето за можното присуство на кинескиот лидер на самитот, пренесува ТАСС.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден, кој има намера да присуствува на самитот на Г-20, рече дека не е подготвен да направи никакви суштински отстапки за Кина и дека за време на претстојниот самит на Г-20, би сакал да му претстави на Си кои се „црвените линии“ на Вашингтон.

Индонезиските власти денеска соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г20 и дека руската делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.