Кина денеска пријави најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци и покрај повеќекратните заклучувања кои влијаат на економијата и секојдневниот живот.
Loading...
Министерството за здравство соопшти дека денеска локално се регистрирани речиси 5.500 нови случаи на инфекција со коронавирус, пренесува Бета-Франс прес.
Голем број од заразените се во јужната провинција Гуангдонг.
Во централната провинција Женгжу, најголемата фабрика за iPhone во светот останува затворена.
Компанијата најави доцнење на испораките поради значително намалениот капацитет во фабриката.
Здравствените власти викендов соопштија дека политиката на нулта толеранција за Ковид останува на сила.