Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“

Сподели со своите пријатели

Кина постави амбициозна цел на економски раст од „околу 5%“ за 2024 година, бидејќи нејзините лидери ветија дека ќе го „трансформираат моделот на раст“ соочени со значајните предизвици со кои се соочува кинеската економија, пренесува CNN.

Loading...

Бројката, која е слична на минатогодишната цел за раст, ја објави кинескиот премиер Ли Кианг на отворањето на годишниот собир на Кинескиот народен конгрес (НПЦ), државниот законодавен дом на земјата, на кој во Пекинг ќе присуствуваат речиси 3.000 делегати.

„Стабилноста е од големо значење, таа е основа за се што правиме“, рече Ли за време на презентацијата на извештајот.

„Напредокот е нашата цел, тоа е она што не мотивира. Конкретно, мора да продолжиме со трансформацијата на моделот на раст, структурните прилагодувања и подобрувањето на квалитетот на животот“, рече тој.

Бројни проблеми на кинеската економија

Пекинг се обидува да ја зајакне довербата во кинеската економија додека истовремено се бори со проблематичниот сектор на недвижности, дефлаторните притисоци, егзодусот на странски капитал и нарушената берза.

Кина, исто така, го претстави годишниот воен буџет за 2024 година, кој ќе се зголеми за 7,2% до 1,67 трилиони јуани (230,6 милијарди долари), според нацрт-буџетскиот извештај. Стапката на раст на буџетот за одбрана е иста како и лани.

Целниот бруто домашен производ (БДП) и воените трошоци се меѓу најгледаните бројки за време на состаноците на конгресот.

Целта на БДП особено внимателно се следи оваа година бидејќи Кина се соочува со серија економски проблеми.

Loading...

Пред собирот, аналитичарите очекуваа објавување на амбициозна цел од 5 проценти, со која лидерите се обидуваат да сигнализираат посветеност на зајакнување на кинеската економија и враќање на довербата во економијата.