Кина денеска лансираше сателит кој ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.
Loading...
Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Сателитот Ксуекиао-2 тргна од базата за лансирање на вселенското летало Венчанг во јужната кинеска провинција Хаинан и се одвои од ракетата по 24 минути.
Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.