Кина лансираше сателит. Леташе над Тајван. Тревога на целиот остров!

Сподели со своите пријатели

Тајванските власти денеска објавија дека кинески сателит прелетал над воздушниот простор на јужен Тајван.

Loading...

Корисниците на мобилни телефони ширум островот добија предупредување за воздушен напад, велејќи им да бидат внимателни за сопствената безбедност.

Сателитот беше лансиран од кинеската провинција Сечуан во 15:03 часот по локално време.

Кинеската државна телевизија CCTV го потврди лансирањето на сателитот, наречен Ајнштајн сонда, и додаде дека тоа е успешна мисија.

Тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву смета дека ваквото лансирање на сателит над воздушниот простор на Тајван толку блиску до изборите е еден вид потег кој припаѓа на „сивата зона“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

Имено, инцидентот се случил неколку дена пред клучните претседателски и парламентарни избори во Тајван, пишува Би-Би-Си.

„Предупредување за воздушен напад: Проектил лета над воздушниот простор на Тајван, бидете внимателни“

Тајванските медиуми јавуваат дека ова е првпат нивната влада да објави вакво предупредување на целиот остров.

Ерик Чу, претседател на главната тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ), ја обвини владата на Демократската прогресивна партија (ДПП) за поттикнување страв, особено поради употребата на зборот проектил во англиската верзија на предупредувањето.

Loading...

„Предупредување за воздушен напад: проектил го прелета воздушниот простор на Тајван, бидете внимателни“, се вели во известувањата.

Европската вселенска агенција (ESA) наведува дека сондата Ајнштајн е резултат на соработката помеѓу агенцијата, Кинеската академија на науките и Институтот Макс Планк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

„Сателитот ќе набљудува мистериозни минливи феномени во вселената што може да се споредат со треперење на огномет со цел поблиску да ги истражи насилните и помалку познатите аспекти на космосот“, објави денеска кинеската новинска агенција Ксинхуа.