Како дел од сателитската група за набљудување на копното, во орбитата е испратен сателитот L-SAR 01B, носен со ракетата Long March -4C, објави кинеската медиумска групација (CMG).
Loading...
Ракетата била истрелана во неделата во 7:44 часот од центарот за лансирање на сателити Џиукван во северозападна Кина.
Првиот сателит, L-SAR 01A, беше лансиран во вселената на 26 јануари, а почна да работи во орбитата пред две недели.
Мисијата го одбележа 408-миот лет на ракетата Long March, соопштија од центарот за лансирање.