Кина ќе се соочи со три бранови на корона оваа зима

Сподели со своите пријатели

Откако Пекинг ја напушти својата политика за нулта ковид, главниот кинески епидемиолог Ву Зунју рече дека Кина ќе се соочи со три бранови на коронавирусот оваа година.

Loading...

Градовите низ Кина со 1,4 милијарди луѓе се подготвуваат за првиот бран на инфекции, откако две години строги ограничувања беа ублажени.

Претседателот Си Џинпинг ги суспендираше апликациите за следење контакти и им порача на граѓаните да останат дома доколку развијат благи симптоми.

Претходно ваквите граѓани беа праќани во преполните болници.

Кина ги укина ограничувањата за проблемот со Ковид поради протестите ширум земјата кои се претворија во повици од граѓаните претседателот и неговата Комунистичка партија да ја напуштат власта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

Кинеските државни медиуми во саботата го цитираа главниот епидемиолог на земјата, Зунју, кој рече дека доколку се укинат строгите политики за ограничување една година порано, околу 250.000 луѓе би умреле во Кина, објави Индипендент.

Епидемиологот предвидува три бранови на инфекција

Епидемиолог вели дека Кина сега е во првиот од трите бранови на корона што ќе ја следат земјата оваа зима.

Тој очекува втор скок кога жителите масовно ќе се вратат во нивните региони од лунарните новогодишни празници во јануари.

Loading...

Третиот бран на инфекција, вели главниот кинески епидемиолог, ќе биде од февруари до средината на март кога луѓето ќе се вратат на своите работни места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француското обвинителство бара пет години затвор за Марин Ле Пен

Зунју вели дека процентот на сериозно болни пациенти со Ковид опадна на помалку од 0,2 отсто од пријавените случаи, од 3,3 отсто минатата година и скоро 16,5 отсто во 2020 година.

Сепак, официјалните бројки на случаи станаа несигурни бидејќи Кина се откажа од масовното тестирање овој месец.

Затоа Кина престана да објавува податоци за асимптоматски случаи минатата недела.

Официјалниот број на загинати во Кина, исто така, беше доведен во прашање откако новинската куќа „Каиксин“ објави детали за повеќекратните смртни случаи на коронавирус што допрва треба да се додадат на 5.235 смртни случаи во Пекинг од почетокот на пандемијата.

Според извештајот на здравствените власти, последниот смртен случај се случил на 23 ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФРАНЦИЈА: Мајката која наводно брутално си ги убила 3-те деца, пронајдена мртва