Кина ќе ги казнува родителите за лошото однесување на нивните деца

Сподели со своите пријатели

Кина подготвува предлог – закон со кој ќе се регулира казнувањето на родителите за недолично однесување на нивните деца, пренесува Sky News.

Loading...

Родителите во Кина чии деца „се однесуваат многу лошо или прават кривично дело“ би можеле да се соочат со казна според предложениот нов закон.

Во нацрт – законот за подобрување на семејното образование, родителите / старателите ќе бидат предупредени и ќе им се наложи да поминат низ програми за насочување на семејното образование доколку обвинителите најдат многу лошо или криминално однесување кај децата под нивна грижа.

 

 

– Постојат многу причини за адолесцентите да се однесуваат лошо, а несоодветното семејно воспитување или неговото целосно отсуство се главните причини – рече Занг Тивеи, портпарол на Законодавно – правната комисија на Националниот народен конгрес на Кина (НПЦ).

Пекинг оваа година го заостри својот пристап кон овие теми, од борба против зависноста на младите луѓе до онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“ – до справување со „слепо обожување на познати личности преку интернет“.

Loading...

Во последните месеци, Министерството за образование го ограничи времето за играње онлајн игри за малолетници, дозволувајќи им да играат игри онлајн само еден час во петок, сабота и недела.

 

 

Кина, исто така, ги намали домашните задачи и забрани воннаставна настава за главни предмети за време на викендите и празниците, загрижени за високото академско оптоварување на децата.

Во исто време, Кина ги повикува младите Кинези да бидат „помалку женствени и повеќе мажествени“.

Во својот предлог за „спречување на феминизација на машките адолесценти“ објавен минатата година, Министерството за образование ги повика училиштата и универзитетите да промовираат спортови како што се фудбалот во нивните кампуси.