Кина денеска ја осуди како „апсурдна“ забелешката на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој на прием во Калифорнија рече дека неговиот кинески колега Си Џинпинг спаѓа во категоријата „диктатор“.
Loading...
„Таа забелешка на американската страна е навистина апсурдна, многу неодговорна и не соодветствува со реалноста“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на новинарите на прашањето за тоа.
Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа на прием кај донаторите на Демократската партија во Калифорнија во присуство на новинари оцени дека неговиот кинески колега Си Џинпинг спаѓа во категоријата „диктатор“.