Кина испраќа тројца астронаути во вселената

Сподели со своите пријатели

Кина утре ќе испрати вселенско летало со тројца астронаути и ќе го носи модулот до недовршената вселенска станица, каде што ќе живеат и работат во следните шест месеци, бидејќи изградбата влегува во последната фаза.

Loading...

Ракетата „Long March-2F“ го носи авионот „Шенжу-14“ и утре ќе го напушти центарот за лансирање на сателити „Џиукан“.

Службеникот на кинеската агенција за вселенски истражувања Лин Сикијанг изјави дека во леталото ќе биде и командантот на мисијата Чен Донг заедно со Лиу Јанг и Каи Сује.

– Сите подготовки за лансирањето се направени, нагласи Сикијанг.

„Шенжу-14“ ќе биде трета од четирите мисии со екипаж и седма од вкупно 11 мисии неопходни за да се заврши изградбата на вселенската станица до крајот на годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Судир“ над нашите глави: Вселената во фокусот на големите сили

Кина започна со работа на изградба на вселенска станица со три модули во април минатата година со лансирањето на „Тианхе“, првиот и најголемиот од трите модули.