Кина и Русија ќе организираат заеднички воени вежби во Јапонското Море, соопшти кинеското Министерство за одбрана во контекст на тензиите со западните земји.
Двете соседни земји, кои имаат заедничка волја да се спротивстават на, како што велат, американската хегемонија, се зближија во воената сфера од почетокот на руската интервенција во Украина, која Пекинг одбива да ја осуди.
Со цел да се зајакне координацијата, Кина и Русија организираа неколку заеднички воени вежби во последните месеци, пренесува Бета, повикувајќи се на АФП.
Следните маневри ќе се одржат во Јапонското Море со пет кинески воени бродови, вклучително и разурнувач со наведувани ракети, соопшти кинеското Министерство за одбрана.
Учествува и авијација
Датумот на вежбите не беше наведен, но Министерството за одбрана соопшти дека бродовите го напуштиле источното пристаниште Ксингдао и ќе им се придружат на руските сили во однапред одредена област.
Вежбите на кои ќе учествуваат и воздухопловните сили се во насока на зачувување на безбедноста на стратешките поморски рути.
Минатиот месец, Кина и Русија спроведоа заеднички воени патроли над Јапонското и Источното Кинеско Море, што ја натера Јужна Кореја да распореди свои борбени авиони како мерка на претпазливост.
Тоа е шеста заедничка патрола меѓу Пекинг и Москва во таа зона од 2019 година.