Кина и Индија се договорија за летови и инвестиции, објавија повлекување на војската од границата

Сподели со своите пријатели

Индија и Кина се согласија да продолжат со директните летови и да ја зголемат трговската и инвестициската соработка, како дел од обновувањето на односите нарушени од граничниот конфликт во 2020 година.

Loading...

Двете азиски сили претпазливо ги зајакнуваат односите во контекст на непредвидливата надворешна политика на американскиот претседател Доналд Трамп, преку серија билатерални посети со висок профил.

Министерството за надворешни работи на Индија соопшти дека земјите ќе продолжат со директните летови, ќе ја зголемат трговијата и инвестициите, вклучително и повторно отворање на граничната трговија на три одредени локации и ќе го олеснат издавањето визи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ШОК НА НИВА: Пронашол закопани 600 милиони долари, веројатно ги криел Пабло Ескобар

Директните летови се суспендирани од 2020 година поради пандемијата COVID-19, а датумот на нивното продолжување сè уште не е утврден.

Најновите изјави дојдоа по дводневната посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Њу Делхи, како дел од 24-та рунда разговори со советникот за национална безбедност на Индија, Аџит Довал, за решавање на деценискиот граничен спор.

„Ќе придонесеме за глобалниот мир“

Индиското министерство наведува дека разговорите опфатиле повлекување на трупите од хималајската граница и прашања за демаркација, и дека двете страни се согласиле да формираат работна група за координирање на граничните прашања и унапредување на преговорите за демаркација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси претежно во пораст, цените на златото пораснаа, цените на нафтата и пченицата паднаа

Кинеското министерство за надворешни работи објави дека механизмот ќе ги опфати источните и средните делови од границата, додека нова рунда преговори за западниот дел ќе се одржи што е можно поскоро. Исто така, беше договорена нова средба во Кина во 2026 година.

Loading...

„Стабилните, предвидливи и конструктивни односи меѓу Индија и Кина значително ќе придонесат за регионалниот и глобалниот мир и просперитет“, објави индискиот премиер Нарендра Моди на социјалната мрежа X по средбата со Ванг.

Моди патува во Кина на крајот од месецот за самитот на Шангајската организација за соработка, што е негова прва посета на земјата по повеќе од седум години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Јавно погубен маж осуден за убиство на четири члена од исто семејство

Кинескиот министер Ванг изјави дека „стабилниот и здрав развој на односите меѓу Кина и Индија е во основен интерес на народите на двете земји“ и дека двете страни треба „да ја зајакнат меѓусебната доверба преку дијалог и да ја прошират соработката“, вклучително и постигнување консензус за прашањата за контрола на границите и преговорите за демаркација.