Кина го забрани овој интернет пребарувач и покрај претходната цензура

Сподели со своите пријатели

Корисниците на интернет во Кина денеска загубија пристап до пребарувачот на Мајкрософт, Бинг, јавуваат западните медиуми, а тоа го потврдуваат и американските технолошки компании.

Loading...

– Утврдивме дека Бинг моментално е недостапен во Кина и работиме на одредувањето на понатамошните чекори во врска со тоа, стои во соопштението на Мајкрософт, а пренесува Ројтерс.

Западните медиуми тврдат дека пребарувачот наводно е забранет по барање на кинеската влада со што, како што додаваат, се придружува на Гугл, Твитер, Јутјуб, Фејсбук и други странските интернет сервиси, чија достапност во Кина ги блокира софтвер за сајбер безбедност, т.н. „Голем заштитен ѕид“.

Кинеската администрација за сајбер простор, државниот орган за интернет, не одговорила на прашањата на Ројтерс во врска со страниците.

Бинг беше единствен голем пребарувач достапен во Кина, откако Мајкрософт ги цензурираше резултатите за пребарување на чувствителни теми, во рамките на политиката на владата во пекинг, додава британската агенција.

Leave a Reply