Кина го повика Бајден да не ја потценува решеноста на Пекинг да го заштити својот суверенитет

Сподели со своите пријатели

Кина денеска го повика американскиот претседател Џо Бајден да не ја „потценува“ нејзината „цврста решеност“ да го „заштити својот суверенитет“, по неговата изјава дека САД воено ќе го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг.

Loading...

По долг период на одржување на неодреден став по тоа прашање, американскиот претседател денеска во Токио изјави дека САД воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне островот.

„Никој не треба да ја потценува цврстата решителност, силната волја и моќниот капацитет на кинескиот народ да го брани својот национален суверенитет и територијален интегритет“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

 

Украинскиот парламент ги забрани руските воени симболи

 

„Веднаш ги повикуваме САД да избегнат испраќање лоши сигнали до силите за независност во Тајван“, рече тој на прес-конференција.

Иако Вашингтон дипломатски го призна Пекинг и политиката на една Кина од 1979 година, а не Тајпеј, американската поддршка за Тајван никогаш не била прекината.

Loading...

Од крајот на кинеската граѓанска војна во 1949 година, Тајван, кој има 24 милиони жители, е управуван од режимски ривал на комунистичкиот режим кој владее со копното на Кина.

 

Фотографии за кои зборува светот: Само Ким Џонг Ун носи ковчег без маска, а Ковидот дивее

 

Кина има намера повторно да ја „обедини“ таа островска територија со својата татковина и не отфрла употреба на воена сила, особено во случајот со официјалното прогласување независност на тајванските власти.

Односите на САД со островот се регулирани со Законот за Тајван од 1979 година, кој не бара од САД да интервенираат воена за да го одбранат Тајван доколку Кина изврши инвазија.

Меѓутоа, американската политика предвидува дека треба да се осигура дека Тајван има ресурси да се брани и да спречи каква било унилатерална промена на неговиот статус.

 

Loading...

Америка влегува во ново партнерство со 13 азиски земји. Кина не е среќна поради тоа

 

Претставник на Белата куќа претходно денеска изјави дека изјавите на Бајден не одразуваат промена во политиката, пренесува АП.

Соединетите Американски Држави, на кои Кина им е стратешки ривал, остануваат најголемиот партнер и најголемиот снабдувач на оружје на Танвеј.