Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ, изборите се внатрешно прашање на Америка

Сподели со своите пријатели

Претседателските избори во САД се внатрешна работа на таа земја, а Кина го почитува изборот на американскиот народ, соопшти денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

„Нашата политика кон Америка е конзистентна, ќе продолжиме да ги гледаме кинеско-американските односи и да управуваме со нив врз основа на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисни акции“, рече Мао.

Претходно денеска кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп прогласи победа на изборите, оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО има план за Гренланд што би можел да спречи конфликт меѓу САД и Данска

Многу светски лидери му ја честитаа победата, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, италијанскиот премиер Џорџо Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други, пренесува Танјуг.