Кина ги укина санкциите за увоз на австралиско говедско месо

Сподели со своите пријатели

Австралиската влада денеска соопшти дека на трите кланици во земјата ќе им биде дозволено повторно да извезуваат говедско месо во Кина, бидејќи трговските тензии меѓу двете земји ќе се смират.

Loading...

Сепак, повеќето австралиски кланици ќе останат на црната трговска листа на Кина, објавија медиумите.

„Овој потег е уште еден позитивен чекор кон стабилизирање на нашите односи со Кина“, рече австралискиот министер за трговија Дон Фарел, додавајќи дека притисокот ќе продолжи да се применува за да се отстранат преостанатите трговски бариери што е можно поскоро.

Пекинг неодамна ги укина царините за австралиските производи, вклучувајќи го и јачменот.

Минатиот месец, Канбера, исто така, постигна договор со Пекинг што може да доведе до укинување на антидампинг давачките за виното воведени во 2020 година.

Од 2020 година, на десет австралиски кланици им е забрането да тргуваат со Кина. Пекинг тврди дека извозниците погрешно го означиле или контаминирале месото.

Тензии меѓу Кина и Австралија

Во тоа време односите меѓу двете земји стануваа се позаострени. Пекинг реагираше на забраната на Каберера за распоредување на 5G мрежата на кинескиот телекомуникациски гигант Huawei во Австралија.

Така, Кина воведе царини за австралиското вино меѓу серијата трговски царини за неколку други австралиски извозни производи, вклучувајќи јачмен, говедско месо и јаглен.

Loading...

Во август беше укината царината од над 80 отсто за австралискиот јачмен. Санкциите за извозот на јастог сè уште остануваат на сила.

Односите се подобрија откако лабуристот Ентони Албанес го замени конзервативецот Скот Морисон како премиер во 2022 година.

Кина е најголемиот трговски партнер на Австралија, со речиси една третина од вкупната трговија на земјата.