Пекинг го предупреди Вашингтон на „сериозни последици“ откако американски разурнувач втор ден по ред пловел околу спорните острови Парасел во Јужното Кинеско Море, потег што Кина тврди дека го загрозува нејзиниот суверенитет и безбедност, пренесува Танјуг.
Кинеската војска во четвртокот соопшти дека го „набљудувала и придружувала“ американскиот разурнувач со наведувана ракета USS Milius, кој „нелегално влегол во водите околу архипелагот Парасел во Јужното Кинеско Море“, а американската морнарица ги негираше тврдењата на Пекинг за протерување на бродот.
Денеска американската морнарица повторно испрати брод во близина на островите кои се под кинеска контрола, но за кои превземаат Тајван и Виетнам.
Програма за „слободна пловидба“
САД спроведуваат програма за „слобода на навигација“ за да го оспорат суверенитетот на Кина или која било друга земја над водите и воздушниот простор, а Кина, Тајван и Виетнам бараат известување или дозвола за влез на воени бродови, според АП.
Американската морнарица објави дека големите претензии во Јужното Кинеско Море претставуваат сериозна закана за слободата на пловидба и прелети, слободната и непречена трговија, како и слободата на економските можности за крајбрежните земји на Јужното Кинеско Море.
Кинеското Министерство за одбрана одговори со тврдењето дека САД со своите постапки „го поткопуваат мирот и стабилноста на Јужното Кинеско Море“.
„Акцијата на американската војска сериозно го нарушува суверенитетот и безбедноста на Кина, сериозно го крши меѓународното право и е уште поцврст доказ дека САД се стремат кон навигациска хегемонија и милитаризирање на Јужното Кинеско Море“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана.
Меѓународен закон
Како што е наведено, Кина официјално побарала САД веднаш да престанат со ваквите провокации, „во спротивно ќе сноси сериозни последици“, а Пекинг ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да ја обезбеди својата безбедност, но не беа наведени дополнителни детали.
Како и во изјавата за инцидентот во четвртокот, Кина повторно објави дека го придружувала американскиот брод подалеку од островите лоцирани во Јужното Кинеско Море, неколку стотици километри од брегот на Виетнам и кинеската провинција Хаинан.
Двете страни ги оправдуваат своите постапки со меѓународното право.
САД не претендира на Јужното Кинеско Море, но со децении распоредуваа авиони и воени бродови за патролирање на стратешкиот воден пат низ кој секоја година транзитираат околу 5 трилиони долари од глобалната трговија и е богат со риби и подморски минерални ресурси.