Кина ги отфрла наводните американски разузнавачки податоци за трансфер на оружје во Русија

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека сите таканаречени разузнавачки информации за трансферот на оружје меѓу Пекинг и Москва, кои САД планираат да ги објават, се само шпекулации.

Loading...

Што се однесува до таканаречените разузнавачки податоци, ова се само шпекулации и оцрнување на Кина, изјави портпаролот на министерството Ванг Венбин на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Волстрит журнал претходно објави дека американската влада размислува да објави разузнавачки информации за Кина поврзани со испораките на оружје за Русија, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата