Кина: 12 лица загинаа во експлозија во продавница за огномет

Сподели со своите пријатели

Дванаесет лица загинаа во експлозија во продавница за огномет во кинеската покраина Хубеи денес, објавија државните медиуми, што е втор ваков инцидент за време на прославите на кинеската Нова Година.

Службите за итни случаи изгаснаа пожар во продавница за огномет во градот Сјангјанг, а причината за експлозијата моментално е под истрага, објави новинската агенција Синхуа.

Огнометите се широко користени за време на прославите на Лунарната Нова Година во Кина, но нивната употреба често е причина за бројни несреќи.

Во неделата се случи уште една несреќа во продавница за огномет во источната покраина Џангсу, во која загинаа осум лица, а двајца беа повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот претседател во посета на Јордан, најавена средба со кралот Абдула Втори

Властите објавија дека потоа еден човек запалил огномет во близина на продавницата.

Министерството за вонредни ситуации вчера издаде предупредување за употреба на огномет, наведувајќи дека тие претставуваат „најголем ризик“ за време на прославата на овој празник.