Ким Џонг Ун: Северна Кореја никогаш нема да ја види Јужна како дипломатски партнер

Сподели со своите пријатели

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо Џонг повторно ги отфрли обидите на Јужна Кореја за обновување на односите, велејќи дека Пјонгјанг никогаш нема да го прифати Сеул како дипломатски партнер.

Loading...

Таа ги критикуваше воените вежби на Јужна Кореја и САД, нарекувајќи ги „неразумна пародија на инвазија“ и го обвини Сеул дека има „злокобни намери“ зад своите мировни гестови, објави АП.

Таа, исто така, ја нарече Јужна Кореја „најнепријателска земја“ и „верно куче“ на САД, нагласувајќи дека меѓукорејското помирување никогаш нема да биде можно.

На состанокот со претставници на Министерството за надворешни работи, таа повика на „соодветни контрамерки“ и го претстави Сеул како пречка за зајакнување на регионалното дипломатско влијание на Пјонгјанг, објави Танјуг.

Министерството за обединување на Јужна Кореја одговори дека владата на Ли Џе-мјунг ќе продолжи да презема „проактивни чекори за мир“, нагласувајќи ја потребата од меѓусебно почитување меѓу двете земји.