Ким Џонг Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, со оценка дека Корејскиот полуостров никогаш не се соочил со такви ризици од нуклеарна војна како сега, објави денеска државната агенција КЦНА.

Loading...

„Никогаш досега завојуваните страни на Корејскиот полуостров не се соочиле со толку опасен и акутен конфликт што може да ескалира во најразорната термонуклеарна војна“, рече Ким во говорот на изложбата на оружје во Пјонгјанг.

Според Хина, тој рекол дека од претходното искуство од преговорите со Вашингтон добил само дополнителна потврда за „агресивната и непријателска“ политика кон Пјонгјанг.