Километарски колони возила има за влез во Македонија преку граничниот премин Табановце, јавуваат националните медиуми.
Loading...
Според неофицијални информации вечерва специјалци спроведувале акција за апсење на полициски службеници од граничниот премин.
Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека е во тек акција, а повеќе детали најавија за утре.
– МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, рекоа во кусата информација и најавија дека акцијата се уште трае и дека утре ќе имаат повеќе детали.
Како што јавува телевизија Сител, повеќе од три часа не е пропуштено ниту едно возило.
Loading...