Киев: Руски Су-34 беше соборен во регионот на Доњецк

Сподели со своите пријатели

Украинската воздушна одбрана собори руски борбен авион Су-34 во близина на градот Волноваха во областа Доњецк, соопшти денеска украинската армија.

Loading...

„Минус еден. Рускиот Су-34 е соборен недалеку од градот Волноваха“, се наведува во соопштението на Вооружените сили на Украина на Фејсбук.

 

Руските деца на училиште ќе учат дека „војната во Украина била неопходна“

 

Се додава дека пилотите на тој авион извршиле „варварско бомбардирање на цивили и инфраструктура на тој град“, пренесува Укринформ.

Украинската агенција претходно денеска објави дека руски борбен авион Су-30 бил соборен над градот Ирпин кај Киев.