Русија намерно спречува евакуација на цивили од Мариупол, бидејќи не успеа да го освои овој стратешки пристанишен град на Црното Море, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.
Претходно денеска Украина објави дека хуманитарниот конвој за овој град мора да се врати поради борбите што се водат таму, пренесува Ројтерс.
Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека голем број населби во Мариупол се под контрола на руските сили.
Продолжи операцијата за ослободување на градот Мариупол од националистите.
Единиците на Народната милиција на Република Доњецк на истокот од градот ја презедоа контролата врз областите Азовски, Најденовка, Љапино, Виноградар и влегоа во фабриката Азовстал.