Русија се обидува да најде слаби точки во украинската одбрана во близина на реката Северски Донец во источна Украина, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник.
Тој за украинската телевизија изјави дека руските сили не се откажале од обидот да започнат јуришни операции во областа, пренесува Ројтерс.
Ако Русија ги заземе градовите Северодонецк и Лисичанск во северниот дел на Доњецк, ќе го држи целиот Луганск, една од двете области во регионот на Донбас каде Москва поддржува две самопрогласени сепаратистички републики, наведува британската агенција.
„Стратешката цел на Русија е целосно уништување на Украина. Тоа нема да ни дозволи да живееме во мир. Руската Федерација сака целосно да ја уништи украинската државност и тука да постави влада што може да ја контролира“, рече Мотузијаник.
Русија претходно ги негираше таквите тврдења, велејќи дека нејзината „специјална воена операција“ во Украина има за цел да ја разоружа и „денационализира“ земјата, додека Киев и нејзините сојузници ја нарекуваат инвазијата неиспровоцирана војна на агресија, според Ројтерс.
Мотузијаник рече и дека ситуацијата е помирна во јужна Украина, каде Русија се обидува да ја наметне својата власт на делот од окупираната територија што се протега низ областите околу Херсон и Запорожје.