Киев преговара со Турција и ОН за гаранции за извоз на жито

Сподели со своите пријатели

Украина води разговори со Турција и Обединетите нации (ОН) со цел да обезбеди гаранции за извоз на жито од украинските пристаништа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Сега има разговори со Турција и ОН за безбедноста на житарките што ги напуштаат нашите пристаништа“, рече Зеленски на прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека е многу важно некој, освен Русија, во која Киев нема доверба, да ја гарантира безбедноста на бродовите што превезуваат жито во одредена земја.

Зеленски рече дека Украина „директно соработува“ со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по ова прашање и нагласи дека организацијата „игра водечка улога, но не и како модератор“.

Неодамнешните извештаи навестија дека такви разговори наскоро ќе се одржат и во Турција.