Украина „тивко“ се подготвува за нова фаза од конфликтот во која Киев повеќе ќе се потпира на сопствените сили, објавува Ројтерс.
Според агенцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува поголема поддршка од своите сојузници кога ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела и ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, зад сцената, Киев е сè повеќе фокусиран на стратегија во која не смета исклучиво на странска помош.
Во исто време, надежите на украинското раководство да обезбеди воведување нови, построги американски санкции против Русија бледнеат.
Официјален Киев потврди дека Зеленски ќе зборува на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН на 23 септември.
Јавната телевизија објави дека по тој повод ќе одржи неколку билатерални средби со странски лидери, вклучително и средба со претседателот Трамп.
Се потсетува дека руската мисија во ОН претходно ги обвини европските земји дека се обидуваат да го насочат Трамп против Москва.