Киев ја продолжи воената состојба, Русија е подготвена да ги продолжи разговорите

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во источниот дел на Донбас е исклучително тешка, руската армија се обидува да напредува кон Славјанск и Северодоњецк, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наведувајќи дека битките се водат на различни фронтови.

Loading...

Затоа украинската Рада ја продолжи воената состојба и општа мобилизација, а од друга страна Русија е подготвена да ги продолжи разговорите.

 

Војни, климатски промени и мизерија: Предупредување за иднината

 

Украина ја продолжи воената состојба и општа мобилизација до крајот на август. Имено, Рада гласаше за продолжување на воената состојба до 23 август, а општата мобилизација беше продолжена за три месеци.

Од друга страна, Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, кои беа замрзнати на иницијатива на Киев, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински, пренесува РТС.

„Ние сме на наша страна, подготвени да го продолжиме дијалогот. Но, би сакал да нагласам дека топката, кога станува збор за понатамошни мировни преговори, е во дворот на Украина“, изјави тој за белоруската телевизија ОНТ, пренесува ТАС С.

Loading...

 

Германски дипломат тврди дека Путин предизвикува глад за да ја дестабилизира Европа

 

Медински повтори дека разговорите се „целосно“ замрзнати на иницијатива на Украина.