Киев ја означи Чеченија како привремена окупирана руска територија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот парламент денеска усвои резолуција со која Чеченската Република Ичкерија е означена како привремено окупирана руска територија која е создадена, како што се наведува, како резултат на агресија што ја прекршила повелбата на Обединетите нации.

Loading...

За резолуцијата гласаа 290 пратеници на Врховната Рада од вкупно 352 присутни пратеници.

Украинскиот парламент ги осуди наводните воени злосторства извршени од Русија во војната со Чеченија и „сите злосторства извршени од 19 век до денес“.

Чеченската Република Ичкерија беше де факто независна држава од 1991 до 1999 година, создадена по распадот на Советскиот Сојуз, и беше воено поразена од руската армија во 1999 година и беше инкорпорирана во Руската Федерација како Република Чеченија.

Актуелен лидер на Чеченија е Рамзан Кадиров, кој ја поддржува политиката на рускиот претседател Владимир Путин.