Киев ги негира информациите за киднапиран украински авион во Кабул

Сподели со своите пријатели

Извештаите на медиумите за киднапираниот украински авион во главниот град на Авганистан се невистинити, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Loading...

„Ниту еден украински авион не беше киднапиран во Кабул или на кое било друго место. Извештаите за киднапираниот авион што ги пренесуваат некои медиуми се невистинити“, инсистираше Николенко.

Според него, сите авиони со кои Киев ги евакуирал украинските државјани од Авганистан безбедно се вратиле во Украина, а досега се евакуирани 256 лица на три летови.

Портпаролот на иранската организација за цивилна авијација, Мохамад Хасан Зибакш, исто така, ги негираше информациите за киднапираниот авион.

Тој посочи дека украински авион запрел во иранскиот град Машад за да наполни гориво во понеделникот, а потоа продолжил за Киев, каде што слетал во 22:50 часот по локално време.

Претходно денеска, заменик – министерот за надворешни работи на Украина, Евгениј Јенин, изјави дека неидентификувани лица го киднапирале украинскиот авион и го пренасочиле кон Иран.

Според тој службеник, авионот всушност бил киднапиран.