Киев: Денеска се отвораат неколку хуманитарни коридори

Сподели со своите пријатели

Неколку хуманитарни коридори од украинските градови и села, вклучително и опколениот пристанишен град Мариупол, ќе бидат отворени денеска за да може да се евакуираат цивилите, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, додавајќи дека се надева дека Русија ќе го почитува прекинот на огнот за да се овозможи тоа.

Таа рече дека Украина планира да ги евакуира жителите на неколку градови и села во регионите Киев и Суми и некои други области каде борбите се во тек, пренесува Ројтерс.

 

Зеленски: Вчера се евакуирани 7.144 лица од четири града

 

„Се надевам дека сè ќе оди добро денеска, дека сите планирани рути ќе бидат отворени и дека Русија ќе ги исполни своите обврски во однос на гаранцијата за режимот на прекин на огнот“, нагласи Верешчук во видео обраќањето.

Напорите да се обезбеди безбеден премин за жителите на пристанишниот град Мариупол во јужна Украина, кој е под опсада од Русија, беа неуспешни неколку пати оваа недела, пишува Ројтерс.