„Киднапирано“ бебе вратиле на погрешни родители: Вистината се дознала по половина век! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишниот Пол Фрончак, кому родителите му кажале дека бил киднапиран од болница како новороденче, за да им биде вратен две години подоцна, открил дека тој не е нивен син.

Loading...

Фрончак, кој пораснал во Чикаго, заедно со неговите „родители“ Дора и Честер, имал десет години кога случајно нашол исечок од весник на кој пишувало дека бил киднапиран како бебе.

Дора и Честер му кажале дека во април 1964 година, само еден ден откако се родил, од прегратките на мајка му го однела жена преправена во медицинска сестра, која и рекла да го однесе на преглед и дека потоа исчезнал од породилното одделение.

Веста одекнала во медиумите.

Две години подоцна, момче кое одговарало на описот на Пол било пронајдено во трговски центар во Њуарк, Њу Џерси.

Во 1960-тите, немало начин да се утврди дали тоа навистина е Пол, но властите одлучиле дека е тоа бебето и им го вратиле детето на Дора и Честер.

Меѓутоа, Пол почнал да се сомнева и колку што стареел, сомнежите станувале посилни.

– Прашања ми се вртеа во главата. Се прашував дали навистина сум им син – се сеќава Пол.

Loading...

– Не личам на никој во семејството, а немам ништо заедничко со брат ми Дејв. Сакав рок и мотоцикли, а косата ја носев долга – бев сосема спротивно од него.

Пол основал семејство, а кога докторот го прашал за семејната историја на болеста, сфатил дека е крајно време да ја дознае вистината.

Ги убедил Дора и Честер да направат ДНК тест и, како што очекувал, се испоставило дека тие не се поврзани.

После тоа ангажирал приватни детективи и дознал дека е роден како Џек Розентал и дека е шест месеци постар отколку што мислел.

Се претпоставува дека Пол и неговите браќа и сестри биле напуштени од нивните родители, затоа што неговата мајка била алкохоличар, а татко му полуден воен ветеран.

Џек сега се обидува да го пронајде вистинскиот син на Дора и Честер, како и неговата биолошка сестра близначка, која исчезнала во исто време со него.

Тој ја опиша својата животна приказна во книга со наслов: „The Foundling: The True Story of a Kidnapping, a Family Secret, and My Search for the Real Me.

 

Loading...