КФМ жестоко го казни Пелистер за натпреварот со Куманово: Казни има за сите учесници на Купот

Сподели со своите пријатели

Македонската кошаркарска федерација изрече низа казни за екипите учеснички од Купот на Македонија, а најжестки беа за Пелистер.

Екипата на Пелистер ќе мора да плати 60.000 денари затоа што го напушти теренот на четвртфиналниот меч против Куманово. Дополнителни 10.000 денари казна имаат за јавна критика кон судиите.

Тренерот на Пелистер Борче Даскаловски е казнет со 9.600 денари за две тенички грешки, а службениот претставник на клубот Марјан Илиевски е санкциониран со 3.200 денари.

20.000 денари казна има и за кошаркарот на Пелистер Никола Малешевиќ по пријава од службените лица за неговото однесување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово го пречекува МЗТ. Кумани со повик за акција „Фрли Мече“!

За неспортско навивање во четвртфиналните пресметки по 8.000 денари казна имаат Работнички и МЗТ за неспортско навивање.

По 3.200 денари ќе бидат казнети ТФТ и Работнички поради техничка грешка досудена на нивните клупи.

 

 

Кога се во прашање полуфиналните и финалните натпревари, највисока казна од 20.000 денари има Џастин Гордон од ТФТ, по пријава од службените лица.

За досудени две технички грешки во полуфиналните пресметки, ТФТ ќе плати 15.800 денари, како и дополнителни 10.000 денари за јавна критика на судењето.

МЗТ е казнет со вкупно 14.200 денари за техничка грешка, неспортско навивање и фрлање меки предмети на теренот од нивните навивачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово денеска против Еурофарм Пелистер

Екипата на МКК Куманово има две казни во вкупен износ од 20.000 денари. Првата казна, во износ од 16.000 денари е за неспортско и расистичко навивање, а 4.000 денари е казната за фрлање меки предмети на теренот од публиката.

 

Никола Ивановски