Австралијката Дина заработила 25 конци на лицето откако скоро останала без очи кога била нападната од кенгур додека го шетала своето куче.
Нападот се случил во градот Водоџи, Викторија, и како што раскажала, кога го ослободила кучето од поводникот, започнало да брка огромен кенгур.
„Трчав да го смирам кучето, но не сфатив дека кенгурот се крие само три метри од мене, зад едно дрво“, рече Дина.
#3Novices Woman viciously attacked by kangaroo while walking her dog https://t.co/xtLaC2tUgx #OnlineMedia #News #Sydney
— 3Novices Australia (@3novicesSydney) November 19, 2019
Жвотното ја нападнало одзади и ја нокаутирало на земја.
Кенгурот почнал да ја удира и да скока врз неа. Таа одлучила да се направи мртва за да го измами, што на крајот се исплатено.
Таа претрпела бројни повреди на лицето, рацете и нозете.