Кенеди Џуниор: Американците се уморни од изборот на помалото од двете зла

Сподели со своите пријатели

Независниот американски претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди оцени дека гласачите кои ја следеле дебатата меѓу Трамп и Бајден сега можат посериозно да ја разгледаат неговата кандидатура, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Мислам дека дебатата беше депресивна. Имаме брилијантни, брилијантни луѓе во оваа земја, и големи иноватори и мислители, и беше некако депресивно. Дали е ова навистина најдоброто што можеме да го смислиме“, праша Кенеди.

Кенеди повтори дека повеќето Американци не сакаат да видат повторување на претседателските избори во 2020 година.

Тие се уморни од изборот на помалото од двете зла.

Во исто време, додека траеше дебатата, Кенеди зборуваше во живо на платформата Х и одговори на истите прашања што им беа поставени на Трамп и Бајден, пренесува АП.

Тој го нарече настанот „вистинска дебата“ велејќи дека е важен бидејќи граѓаните на САД чувствуваат дека системот е наместен.

„Токму тоа е вид на спојување на државната и корпоративната моќ против која се борам“, рече Кенеди.

Кенеди рече дека не може да победи доколку гласачите не знаат дека се кандидира и не веруваат дека може да ги победи Бајден, демократ, и Трамп, републиканец.

Loading...