Келнерот го снимил хаосот по завршување на забавата: Пронашол една чизма, тампон, телефон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако можеби мислите дека луѓето обично ги губат мобилните телефони, картичките и клучевите, неодамна еден келнер од ноќен клуб во Глазгов, Шкотска, сподели на ТикТок какви необични предмети наоѓа по завршување на една луданоќ.

Loading...

Неговата објава во која претходно утрото собра изгубени предмети од подот на клубот собра 6,3 милиони прегледи, а покрај вообичаените имаше и некои неочекувани.

Меѓу купот скршени телефони и изгубени документи, ТикТокерот пронашол и неколку полначи за Ајфон, еден машки елек од Адидас, парфем, нараквица, но и шпил карти, еден тампон и само една црна женска каубојска чизма.

„Никогаш нема да сфатам како некој успеал да изгуби само една чизма! напишал некој во коментарите, на што некои се надоврзаа со сопствени изуми по ноќното излегување.

„Еднаш најдов полни 12 пакувања пудинг“, напиша една девојка, а друга сподели како, по лудата ноќ на подот во ноќниот клуб, нашла табла од  друштвена игра Џенга, со сите коцки.

„Губењето на еден чевел е класика, мене ми се случува често и секогаш тоа се најдобрите излегувања! заклучил еден корисник.

 

@thegaragegla Part 2 here it is👏 #SpotifyWrapped #HONOR50duet #scottishtiktok #garageglasgow #dayinmylife #fyp #glasgownightlife #photodump ♬ Crystal Dolphin – Engelwood

Loading...