Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово забележа одличен настап на меѓународниот турнир „Трофеј Белград“, што се одржа во Република Србија, каде настапија со 12 борци и тројца тренери.
Клубот се врати дома со вкупно осум медали – три златни, еден сребрен и четири бронзени, потврдувајќи ја својата форма и квалитет на меѓународната сцена.

Златни медали освоија Наум Милановски во категоријата КЛ јуниор до 79 килограми, Никола Николовски во КЛ јуниор до 84 килограми и Димитар Давитковски во ЛК помлад јуниор до 51 килограм.
Среброто му припадна на Никола Ангеловски, кој настапи во категоријата КЛ постар кадет до 69 килограми, додека бронзени медали освоија Макс Спасовски, Андреј Цветановски, Андреа Георгиевска и Данило Методиевски.

Иако без медал, со одлични борби настапија и Христијан Ѓоргиевски, Матеј Максимовски, Марио Радевски и Максим Божиновски, кои покажаа борбеност и посветеност во своите категории.
Тренерите Оливер Милорадовски, Оливера Свилар и Јован Крстевски изразија големо задоволство од настапот, нагласувајќи дека сите борци дале максимум и достојно го претставиле клубот и градот Куманово.

Од клубот посочија дека и покрај неколкуте судиски пропусти кои се случиле во текот на натпреварите, задоволни се од постигнатите резултати.
Веќе денеска клубот заминува на турнир во Тешањ, Босна и Херцеговина, каде под менторство на тренерот Јован Крстевски, ќе настапат Данило Методиевски, Петар Станковски, Димитар Давитковски и Борјан Арсовски.
Никола Ивановски

