Кик-бокс клубот Куманово 2006 од денеска, па во следните три дена, ќе учствува на Европскиот куп во кик бокс во Босна и Херцеговина.
Станува збор за куп во сите дисциплини и возрасти, а КБК Куманово ќе учствува со надеж на што подобар пласман.
– Се надевам на добри резултати и достојно да го претставиме и клубот и градот и државата. Натпреварувачите се подготвени и одиме по медали на Европскиот куп, изјави тренерот на клубот Саши Илиевски кој ке ги предводи натпреварувачите.
Инаку учество ќе земат и неколку клуба од Македонија, како и од повеќе европски земји.
– Се работи за реномиран и квалитетен европски куп со силна конкуренција. Благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски, Општинскиот сојуз на спортови и компанија „Махагони“ кои помогнаа да го реализираме учество на купот, истакна Илиевски.
Инаку купот ќе се одржува од 11 до 14 април во хотелот „Хилс“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
Никола Ивановски