Кик-бокс клубот Куманово 2006 ќе учествува на државното првенство, кое овој викенд ќе се одржи во Скопје, во спортската сала „Јане Сандански“.
Кумановскиот клуб ќе настапи со свои натпреварувачи и претставници, подготвени да се борат за висок пласман.
На државното првенство се очекува учество на околу 500 натпреварувачи од целата држава, што најавува силна конкуренција и исцрпувачки борби за медалите.
„Борбите за медал ќе бидат тешки, но ние сме подготвени и се надеваме на добри резултати“, изјави тренерот Сашо Илиевски.
Првенството се одржува во организација на Кик-бокс федерација на Македонија и претставува еден од најзначајните настани во домашниот кик-бокс календар.
Никола Ивановски

