КБК Куманово 2006 со сребро и бронза од меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кик бокс клубот Куманово 2006 се врати од меѓународниот турнир во кик бокс „Трофеј Белград“, кој изминатиот викенд се одржа во Белград, со освоени две медали – една сребрена и една бронзена.

 

 

Сребрениот медал го освои Александар Стоилковиќ во дисциплината лоу кик, тешка категорија, додека бронзата му припадна на Павел Борковски во кик лајт категорија до 57 килограми.

 

 

Натпреварувачот Андреј Тренчевски стигна до четвртфиналето, покажувајќи одлична борба и борбен дух.

– Севкупно сум задоволен од резултатите и прикажаните борби на нашите натпреварувачи. Продолжуваме понатаму со ист ентузијазам, сила и вера, иако сме маргинализирани и запоставени од локално и централно ниво. Сепак, духот не можат да ни го скршат – изјави тренерот Илиевски, додавајќи дека и покрај тоа што кик боксот е еден од најтрофејните и најмасовните спортови во земјава, клубовите се соочуваат со исти проблеми на недоволна поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

 

 

На силниот турнир учествуваа над 240 натпреварувачи од повеќе балкански држави, а македонските клубови вкупно освоија 40 медали, додаде Илиевски.

Никола Ивановски