КБК „Куманово 2006“ ќе учествува на меѓународниот турнир „Трофеј на Белград“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Кик-бокс федерацијата на Република Србија, викендов (17 и 18 октомври) ќе се одржи меѓународен турнир во кик-бокс под наслов „Трофеј на Белград“, согласно календарот на Светската кик-бокс организација WAKO.

На турнирот ќе учествуваат натпреварувачи од сите категории и возрасти, меѓу кои и Кик-бокс клубот „Куманово 2006“ со свои претставници во потешките дисциплини.

„Трениравме континуирано и како и секогаш сме подготвени за натпревар и борба. Очекуваме добри резултати и медали, како што тоа го правиме веќе 20 години,“ изјави тренерот и професор по физичка култура Сашо Илиевски.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Навреме отворени сите избирачки места во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

 

Тој воедно упати и апел до идниот градоначалник на Куманово за поголема поддршка на спортските клубови и пофер распределба на средствата од локалната самоуправа.

„Потребно е средствата да се делат на фер и транспарентен начин, а не по принципот — за едни клубови мајка, за други маќеа. Не смее да се гледа кој спорт некој го сака повеќе, а најмалку помошта да се доделува по партиска линија, бидејќи во спортот нема место за политика,“ истакна Илиевски.

Тој додаде дека целта е развој на спортот во Куманово и достојно претставување на градот на домашно и меѓународно ниво, како и поттикнување на младите спортски таленти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка кај село Трновац

„Само со квалитетен кадар на спортско и професионално ниво, полека ќе го движиме градот во позитивна насока,“ порача Илиевски.

Никола Ивановски