Вкупно 28 возачи биле казнети вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради управување моторно возило со брзина над дозволената.
– Вчера (03.03.2022), на подрачјето на СВР Куманово полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 28 возачи, информираат од кумановската полиција.
Најголем број од казните, односно 23 биле изречени на подрачјето на Куманово, а пет во Кратово.
Засилените сообраќајни контроли, како што потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Никола Ивановски

