Ако не сте алергични на оси, не ги убивајте и бидете внимателни ако одлучите да се борите со перници. Исто така, мора да им персирате на полицајците, и има одредено време кога не смеете да фрлате шишиња во канти за рециклирање.
Светот е полн со необични закони, па затоа е забрането да се џвака гума за џвакање во Сингапур, освен ако не е пропишано од лекар. Не е дозволено плукање, дување нос или мокрење на јавни места.
Во Шри Ланка, би можеле да бидете казнети доколку одлучите да направите селфи со статуа на Буда, а многу карипски земји, како Барбадос, Света Луција и Свети Винсент, забрануваат носење облека за маскенбал. Дури и децата не носат таква облека.
Но, постојат повеќе необични закони; не мора нужно да одите на друг континент – доволно е да патувате во Германија.
Убивање оси
Ако убиете оса, Германците можат строго да ве казнат, цената за такво дело се движи до 65.000 евра во Бранденбург, или „само“ 5.000 евра во Ренланд-Фалц.
Ќе ви прогледаат низ прсти ако сте алергични на оси. Иако убиството е забрането, казните речиси никогаш не се наплатуваат.
Пијани на велосипед
Возење велосипед под дејство на алкохол (1,6 промили или повеќе) не е дозволено во Германија.
Ако седнете на две тркала откако повеќе сте испиле, може да ја изгубите возачката дозвола, па дури и да направите тест за психолошка проценка.
Оние кои нема да го положат тестот, со години треба да докажуваат дека се ментално здрави, пред да си ја вратат возачката дозвола.
Протести под маска
Ако одлучите да протестирате во Германија, не правете го тоа со маска на лицето бидејќи тоа е забрането со закон.
Ако ве видат маскирани, полицајците би можеле да ве уапсат. Прашањето е, дали ова се однесува на маски за цело лице, или не се земаат предвид оние против коронавирус?
Борба со перници
Перниците може да се сметаат за потенцијално или пасивно оружје, пишува Thelocal.de – исто како панцир, кој се користи за самоодбрана. Затоа, ако се борите со перници во Германија, бидете нежни за да не ве обвини некој за напад.
Право на прозорецот
Во Германија, секоја канцеларија мора да има прозорец за вработените да имаат доволно светлина. Ова е во согласност со правата на вработените на кои им е дозволено да работат само во безбедна средина.
Дупчење во недела
Дали имате соседи кои дупчат и реновираат во недела? Па, во Германија, тоа не треба да ти се случи затоа што е нелегално. Покрај тоа, забрането е фрлање шишиња во канти за рециклирање кога сакате – не се препорачува за време на празниците.
Одбивање на оџачари
Според Thelocal.de, за оџачарите во Германија е полесно да влезат во куќата отколку за полицијата, бидејќи законот пропишува дека граѓаните не смеат да им го забранат пристапот.
Во времето на Третиот Рајх, секој оџачар имал одредени куќи за кои бил задолжен, а негова обврска била да ги пријави потенцијално незаконските активности на граѓаните.
Со полицаец исклучиво на „Вие“
Мора да ѝ персирате на полицијата во Германија – точка. Непочитување на законот и редот, непристојните граѓани може да чинат и до 600 евра. Затоа, мудро е да се знае разликата помеѓу „du“ и „Sie“ на германски јазик.
Пеење на првиот стих од химната
„Das Lied der Deutschen“ („Песна на Германците“) е национална химна, позната во светот како Deutschland, Deutschland über alles, која е прва од стиховите напишани од Август Хајнрих Хофман во 1841 година.
Но, бидејќи нацистичката партија на Хитлер ја искористила песната во согласност со својата идеологија и го протолкувала првиот стих како „Германија мора да владее со целиот свет“, неговата употреба била забранета поради негативната конотација.
Бидејќи Германците не сакале да ја отфрлат песната бидејќи првично била создадена во желбата за демократија, ја чуваат како национална химна, но ја оставиле само третата строфа.