Вкупно 25 лица во Куманово вчера биле казнети поради непрописно престигнување, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Во текот на вчерашниот ден (30.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 116 возачи. Од нив, 27 на територијата на СВР Тетово, а 25 непрописно престигнувале на територијата на СВР Куманово, стои во соопшнието од МВР.
Засилените акциски контроли, додаваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.
Никола Ивановски