Џери Кимбол од Сијукс Фолс изјавил за локалните медиумите дека бил уверен дека се работи за првоаприлска шега кога минатата недела му пришле агенти од службата за контрола наживотни и му напишале казна затоа што својот питон го извел надвор од домот без поводник.
Еден од нив буквално ми тражеше на змијата да и ставам поводник – рекол тој.
Кимбол бил пријавен од жена која го видела како питонот го носи во парк и го пушта да се истегне покрај него. Набргу се испоставило дека не е во прашање првоаприлска шега туку дека во тој град имаат, благо речено, чудни закони кога се во прашање прошетките на домашните миленици.
Имено, градските закони налагаат дека сите миленици, кога ќе се најдат во јавност мораат да имаат поводник. Ако миленикот е во јавноста, а без поводник се смета дека е во бекство, а тогаш мора да реагираат шинтери.
Кимбол одбил да плати казна и одлучил да се суди со градските власти поради овој закон.
https://youtu.be/tjCOaNAJnhQ
Loading...