Еден човек од Виена е казнет со 500 евра затоа што многу гласно „го пуштил ветрот“ пред полицијата, што е одлука што полицијата на главниот град на Австрија морала да ја брани подоцна.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил на 5 април и дека сторителот бил казнет за „повреда на јавниот морал“.
Градската полиција подоцна објави на Твитер дека „секако никој не е казнет за случајно пуштање на ветрот“.
In Gegenwart eines Polizisten furzen 💨 kostet ganz schön viel. (via https://t.co/Mhlm0Z5i7Q) pic.twitter.com/DWZP9EwY7m
— skoops 🧸🦦🪼 (@skoops) June 15, 2020
Тие додадоа дека човекот провоцирал и бил некооперативен за време на средбата со полицајците во овој невиден инцидент.
Тој станал од клупата на паркот, ги погледнал полицајците и „испуштил огромен интестинален ветер очигледно со многу јасна намера“, објасни полицијата.
Полицијата исто така истакна дека сторителот може да поднесе жалба на оваа одлука.