Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја

Сподели со своите пријатели

Властите во Казахстан, Узбекистан и Киргистан денеска пријавија прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната.

Loading...

Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува Ројтерс.

Во Казахстан, забележани се прекини на електрична енергија во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан.

Узбекистанското Министерство за енергетика соопшти дека работи на решавање на „големиот прекин на електричната енергија“.